Бројот на мртви од труење со домашнопроизведениот алкохол во североисточната индиска држава Ашаму се зголеми на 139, а речиси 300 лица се хоспитализирани.

Жртвите првенствено се работници од плантажа за чај во окрузите Голегат и Јорхат, кои го пиеле тој алкохол во четврток навечер.

Речиси 300 лица, кои се жалеле на болка во желудникот и отежнато дишење се примени во болница, а дел од нив се во критична здравствена состојба, соопштија локалните здравствени власти.

Истрагата утврдила дека смртта настапила како последица на труење со метанол, поради што се уапсени 14 лица, а илјадници литри од илегалниот пијалак ќе бидат уништени во полициска акција.