Американскиот конгрес усвои закон кој им дозволува на наставниците на Флорида да носат оружје во училниците. Законот е усвоен како мерка за да се спречат ситуации како онаа со смртоносното пукање во средното училиште во Паркленд што се случи минатата година.

Пратеничкиот дом на Флорида, во кој мнозинство се републиканците, гласаше со 65 гласа ЗА, додека 47 беа против законот.

Се очекува републиканскиот гувернер Рон де Сантис да го потпише предлог законот. Новата мерка ќе им овозможи на училиштата да учествуваат во волонтерската програма „Гардијан“ со која ќе може да им се дозволи оружје на оние наставници, кои ќе поминат обука од 144 часа и ако тоа го одобрат нивните локални училишни одбори.

Наставниците кои ќе сакаат да носат оружје, ќе мора да поминат обука со полиција и психолошка проценка.

Поранешен ученик, на 14 февруари минатата година, влезе во училиштето „Марџори Стоунмен Даглас“ во Паркленд вооружен со полуавтоматска пушка и почна да пука, при што уби 17 и рани 17 луѓе.