Фондацијата Отворено општество, чиј основач е милијардерот Џорџ Сорос, денеска соопшти дека поднела тужби до Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд поради неодамна усвоените закони во Унгарија, насочени против цивилни организации кои работат со бегалци и баратели на азил.
Директорот на правниот тим на организацијата, Џејмс Голдстон изјави дека правната акција има за цел да се спротивстави на законите чија цел е „да ги заплаши и запре независните гласови во Унгарија“.
Законите беа усвоени во јуни, а предвидуваат затвор до една година за луѓе кои им помагаат на барателите на азил, додека унгарскиот Парламент во јули одобри воведување 25 отсто данок на финансиска или материјална помош за групи кои промовираат миграција.