Презентирајќи го долгоочекуваниот мировен план, таканаречениот „Договор на векот“, американскиот претседател Доналд Трамп познатата ерусалимска џамија Ал-Акса ја нарече Ал Аква, поради што повторно беше исмеван на Твитер.
Арапските медиуми потсетуваат дека Ал Акса е едно од најспорните светилишта во израелско-палестинскиот конфликт, кое се наоѓа во срцето на ерусалимскиот Стар град и е трето по важност во исламот. Џамијата се наоѓа на Ридот на храмот, како што го нарекуваат Евреите затоа што таму некогаш постоеле древни еврејски храмови, а муслиманите го нарекуваат Возвишено засолниште (Харам ал-Шариф).
Трамп свечено изјави во Белата куќа дека Израел, во соработка со јорданскиот крал Абдулах, ќе обезбеди да се зачува статус квото на храмот врз основа на мировниот план кој гарантира дека сите муслимани кои сакаат да го посетат во мир и да се молат во џамијата Ал Аква, тие можат да го сторат тоа.