Професорот по право Џузепе Конте се согласи да ја предводи новата италијанска коалициска влада, формирана од антиимигрантската десничарска партија „Лига“ и антисистемското „Движење 5 ѕвезди“.
На синоќешната средба, претседателот на Италија Серџо Матарела му го додели мандатот за формирање влада на Конте и тој прифати.
Генералниот секретар на претседателската администрација Хуго Џампети соопшти дека церемонијата на положување заклетва на новата влада ќе се одржи денеска во 16 часот, по локално време.
Конте веднаш го претстави составот на новиот кабинет.
Во новата влада ќе има 18 министерства, од кои пет се доверени на жени.