Четири лица, меѓу кои и едно дете, биле застрелани во средата доцна навечер во северен Лондон, пренесува „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.
Сите четворица повредени се однесени во болница, а за настанот сè уште никој не е уапсен. Во тој дел од Лондон моментно на сила е одлука според која полицијата може да запре и да пребарува луѓе.
Полицијата ги повика сведоците на настанот да пријават детали кај дополнителните патроли ангажирани во таа област.