Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека нема повторно да се кандидира за претседателка на Христијанско-демократската унија(ЦДУ) на изборниот конгрес на партијата закажан за 8 декември, пишува германски „Фокус“.
Информацијата ја објави самата канцеларка утрово по состанокот на партијата.
По 18 години поминати на чело на партијата, Меркел реши да се повлече.
Со нејзиното откажување од претседателската функција, ќе започне и трката за наследник и на местото германски канцелар, иако Меркел рече дека има намера да остане на функцијата канцеларка.