АЛПСКО СКИЈАЊЕ
Федрика Брињоне (Италија) го освои вториот медал на Светското првенство (СП) во алпско скијање, откако победи во велеслаломот за скијачки во Залбах (Австрија). Таа во минатата недела освои и сребрен медал во супервелеслалом. Во велеслаломот вчера сребрениот медал го освои Алис Робинсон (Нов Зеланд), а бронзата Пола Молцан (САД).
За Брињоне, која е водечка сезонава во Светскиот куп, тоа е петти медал од мундијалите во алпско скијање, откако освои златен медал во индивидуална алпска комбинација од минатиот шампионат, во 2023 година во Куршевел (Франција), и има и три сребра, во велеслалом од СП 2011 во Гармиш Партенкирхен и од СП 2023, како и во супервелеслалом годинава.
По осум трки на годинашниот планетарен шампионат, на табелата за медали води Швајцарија, со по три златни и сребрени и два бронзени медала, а потоа се Италија (2-1-0), САД (2-0-2), Австрија (1-3-1), Нов Зеланд (0-1-0), Норвешка (0-0-2), Чешка (0-0-1) и Шведска (0-0-1). Денеска на програмата е велеслаломот за скијачи, а слаломските трки во двете конкуренции се утре и задутре. Н.М.