КАРАТЕ

По одржаниот плејоф во Кичево, а претходно и Купот на Македонија во Охрид, познати се каратистите што обезбедија место во македонската репрезентација за настап на Светското првенство (СП) за кадети, јуниори и за помлади сениори (до 21 година) во Венеција (Италија), од 9 до 13 октомври.

Место во репрезентацијата за СП 2024 обезбедија: кадетки/кадети (ката): Блерина Зендели (Ускана) и Борјан Димовски (Гладијатор). Кадетки (борби): Блина Горенца (до 47 кг, Дибра), Душица Бреслиева (до 54 кг, Штип), Анастасија Смилевска (до 61 кг, Кунсуто), Јана Тануровска (над 61 кг, Маваши). Кадети (борби): Дамјан Митревски (до 52 кг, Кунсуто), Јован Враклевски (до 57 кг, Кизаме), Дарин Куртановиќ (до 63 кг, Кеикс), Марко Филиповски (до 70 кг, Автокоманда), Даријан Николовски (над 70 кг, Шампион). Кадетки јуниорки (ката, екипно): Заншин до. Кадети јуниори (ката, екипно): Јошитака. Јуниорки (борби): Мартина Петреска (до 48 кг, Чоле), Илијана Серафимова (до 53 кг, Кизаме), Драгана Ефтимовска (до 59 кг, Штип), Речи Мируше (до 66 кг, Форца). Јуниори (борби): Цветан Маргаритов (до 55 кг, Ботони), Андреј Стојчевски (до 61 кг, Кизаме), Хасан Чорески (до 68 кг, Гладијатор), Адријан Симоновски (до 76 кг, Шампион), Филип Стојанов (над 76 кг, Партизан). Јуниорки/јуниори (ката): Данка Стојкова (Сансаи Метал Апостолов) и Нуредин Дервиши (Ускана). Помлади сениорки (ката, екипно): Гладијатор. Поединечно: Јована Манчевска (Фунакоши Гичин) и Марко Поптодоров (Гладијатор). Помлади сениорки (борби): Михаела Мишовска (до 50 кг, Олимпик спорт), Ива Пецевска (до 55 кг, Олимпик спорт), Јована Мицовска (до 61 кг, Макпетрол), Ера Коџа (до 68 кг, Дибра), Ердона Зибери (над 68 кг, Фати). Помлади сениори: Бесрат Мемети (до 60 кг, Башкими), Матеј Белистојаноски (до 67 кг, Олимпик спорт 2007), Љупче Михајлов (75 кг, Штип), Данило Божовиќ (до 84 кг, Макпетрол), Стефан Стојановиќ (над 84, Макпетрол). Г.И.