Како во младите години: ФМ Љубомир Илиќ

ВЕТЕРАНСКИ ШАХОВСКИ ФЕСТИВАЛ

Динамично, возбудливо и мошне борбено трето коло од предвидените седум на третиот турнир од шаховски фестивал „Незаборав за хероите“, кој се одржува во чест на јубилејот 80 години од ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а на кој можат да настапат само шахисти што не се помлади од 60 години. Во водство избија ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Александар Кралевски (рејтинг 2.015) и Илија Стошевски (2.015) со по 2,5 поени.
Колото го обележија три извонредни шаховски остварувања на првите три табли. Стошевски со црни фигури во „Пирцово отворање“, кое подоцна премина во „Змејова варијанта“ на спротивни рокади, со жртва на фигура го разби одбранбениот штит на противникот. ФМ Илиќ, како во мошне остра игра, ладнокрвно ја зеде понудената жртва на пион на г4, која подоцна во заемно остра игра се покажа како решавачка, а противникот до крајот не можеше да се ослободи од силните налети на „црниот“. На првата табла Кралевски школски покажа како треба да соработуваат кралица и коњ против кралица и ловец во дуелот против прворангираниот ФМ Богоевски иако на таблата имаше и по седум пешаци. Вчера се играше четвртото коло, во кое повторно се очекуваа нови возбудувања на таблите, во просториите на ШК Алкалоид во Скопје.
Резултати 3. коло: 1ФМ Кралевски (2.015) – ФМ Богоевски (2.160) 1-0, Цветковски (1.737) – Стошевски (2.015) 0-1, Трајковски (1.917) – ФМ Илиќ (2.073) 0-1, Ташевски (1.960) – Спасовски (1.836) 1-0, Јовановски (1.854) – Голубовиќ (1.705) 1-0, Андонов (2.119) – Кромов (1.693) 1-0, Топалов (1668) – Ахчиев (1.690) 0-1, ФМ Хаџи -Манев (1951) и Томов не беа спарени.
Во продолжение партијата Цветковски – Стошевски од 3. коло: 1.е4 г6 2.д4 д6 3.Сц3 Лг7 4.Ле3 а6 5.Дд2 б5 6.О-О-О Лб7 7.ф3 Сд7 8.Кб1 ц6 9.г4 Да5 10.Дф2 Тц8 11.Лд2 б4 12.Сце2 Дб6 13.х4 х5 14.г5 е6 15.Ле3 Дц7 16.ф4 Се7 17.Сг3 ц5 18.Лг2 цд4 19.Лд4 е5 20.Ле3 еф4 21.Лф4 Се5 22.Сф3 Сц4 23.Лц1 Сц6 24.Лх3 Тб8 25.Лф1 С6е5 26.Се5 Ле5 27.Лд3 О-О 28.Сф1 Тфц8 29.Се3 Са3 30.Ка1 Дц5 31.Де2 Тц7 32.Тдф1 Тбц8 33.Тф2 б3 34.ц3 Сб5 35.аб3 Лц3 36.Лб5 аб5 37.бц3 Та8 38.Кб1 Ле4 39.Сц2 Лх1 40.Лб2 Дд5 41.Сд4 Ле4 42.Кц1 Дд4 0-1. Г.И.