ШАХ – ПО ПРВИТЕ ДВЕ КОЛА ВО ПРВАТА ЛИГА ЗА МАЖИ И ЗА ЖЕНИ
Гамбит Ассеко СЕЕ, Алкалоид и Мулти есенс во машка и Алкалоид и МШК Центар во женска конкуренција, по две кола, забележаа по две победи на Екипното првенство на Македонија во шах во Струга. Ланскиот машки шампион и европски првак од 2016 година го совлада Прилеп со 4-2, Гамбит Ассеко СЕЕ беше подобар од ГШК Куманово со 4,5-1,5, а вицепрвакот од 2025 година Мулти есенс славеше на дуелот со Шкупи со 4,5-1,5. Прво екипно реми (3-3, беше видено помеѓу Нов Напредок и Фламуртари, а Гостивар со 3,5-2,5 го совлада Анпасан СЕШ. Според освоени поени по табли по две кола, прв е Гамбит Ассеко СЕЕ (10,5), пред Алкалоид (девет) и Мулти есенс (8,5).
Кај шахистките по две победи остварија МШК Центар, кој во второто коло го совлада Прилеп со 3,5-0,5, и бранителот на титулата Алкалоид, кој со 4-0 го победи ГШК Неготино. Прва победа впиша и вицепрвакот на Европа од 2015 година, Гамбит Ассеко СЕЕ, против Капабланка, со 4-0. Слободна во ова коло беше екипата на Цареви Кули. Први според бројот на поени по табли се Алкалоид и МШК Центар (и двете со по 7,5 поени).
Вчера беше напорен ден, оти се играа третото (претпладне) и четвртото коло (попладне), по што многу работи ќе бидат појасни на табелите. Г.И.


































