Марко Пејчиновски направи нов подвиг откако исплива 64 километри за 21 час и 42 минути, утринава завршувајќи ја делницата Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид.
Пејчиновски на тој начин комплетираше 10 препливувања со вкупна должина од 250 километри во едно лето.
– Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел – напиша Пејчиновски на социјалните мрежи.
Пејчиновски со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.