Фото: Маја Јаневска-Илиева

Актуелниот светски вицешампион Полска е најзвучниот ривал на одбојкарската репрезентација на Македонија во групата Ц за Европското првенство в година, во која се уште и репрезентациите на Црна Гора, Холандија, Чешка и Данска. Ова е резултат на денешната ждрепка влечена во италијански Неапол.

Македонија е кодомаќин на ЕП 2023 заедно со Италија, Бугарија и Израел. Завршниот турнир се игра од 18 август до 16 септември в година.

ЕП 2023, групи

Група А: Италија, Швајцарија, Србија, Германија, Белгија и Естонија

Група Б: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска и Шпанија

Група Ц: Македонија, Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка и Данска

Група Д: Израел, Романија, Франција, Турција, Протугалија и Грција