Фото: ЕПА

Касаи (52) досега има 578 настапи во СК. „Ова е само уште еден чекор за мене, имам цел да стигнам до 600 настапи“, изјави Касаи

Легендарниот јапонски натпреварувач во скијачки скокови Нориаки Касаи дополнително ќе го зголеми својот рекорд на настапи во Светскиот куп (СК), на 52-годишна возраст, за време на натпреварите во Сапоро, викендов.
Домаќинот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 1972 година, исто така, беше сцена на дебито на Касаи на Светскиот куп, во 1988 година, кога ги освои 31-то и 26-то место во својата татковина, пишува Интернационалната скијачка федерација (ФИС).
Во годините потоа тој стана трикратен олимписки медалист и освои осум медали на светските првенства, вклучувајќи го и златото во дисциплината скијачки летови во 1992 година. Неговиот 578. настап во Светскиот куп беше пред 11 месеци, на Планица (Словенија), а сезонава се натпреваруваше во Континенталниот куп на ФИС.
– Ова е само уште еден чекор за мене, имам цел да стигнам до 600 настапи – изјави Касаи за локалните медиуми, пренесе ФИС.
Минатата година Касаи, кој се појави на рекордни осум олимписки игри, изјави: „Имам уште многу во мене, така што мојата намера е да продолжам до 60 години“. Н.М.