Новиот претседател ќе ја преземе должноста во јуни 2025, по изборите во март истата година
Коу сериозно ќе ја разгледа кандидатурата
за претседател на ИОК
Претседателот на Светската атлетика, Британецот Себастијан Коу, вели дека „сериозно ќе размисли“ да се кандидира за функцијата претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Германецот Томас Бах, актуелниот претседател, на ЛОИ објави дека ќе се повлече во 2025 година, односно по 12 години минати во таа улога. Како и Бах, Коу е во својот трет претседателски мандат задолжен за светската атлетика, откако се кандидира без противење да ја продолжи улогата во 2023 година – пишува „Би-би-си“.
– Јас секогаш јасно кажував дека доколку се укаже шанса, очигледно сериозно ќе размислам. Се појави можност и јасно е дека треба да размислам за тоа – изјави Коу (67).
Новиот претседател ќе ја преземе должноста во јуни 2025 година, по изборите во март истата година. Според правилата на МОК, ниту еден кандидат не може да ја објави својата намера да се кандидира за претседател до три месеци пред изборите.
– Повелбата е многу јасна за тајмингот, така што ова во најдобар случај е само разгледување – додаде Коу.
Како што е познато, Коу му помогна на Лондон да победи во кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2012 година и одигра клучна улога во добивањето на Игрите. Г.И.