Фото: ЕПА

АТЛЕТИКА

Јомиф Кејелча (29) од Етиопија го собори светскиот рекорд во полумаратон за мажи, победувајќи на друмската трка на Светската атлетика во Буенос Аирес (Аргентина) со време од 56 минути и 51 секунда.

Тој претходно го држеше рекордот (57,30 минути) поставен во Валенсија (Шпанија) во октомври 2024 година, но потоа го загуби од Јакоб Киплимо од Уганда во март, кој оствари време од 57,20 минути во Лисабон (Португалија) претходно годинава, пишува „Би-би-си“.

Освојувачот на сребро на Светското првенство во атлетика на 10.000 метри го држи и светскиот рекорд за друмска трка на 10.000 метри за мажи. Тој стана и еден од првите мажи што истрча маратон побрзо од два часа, поставен претходно годинава, кога беше втор зад Кениецот Себастијан Саве на Лондонскиот маратон.

Саве победи со рекордно време од 1:59,30 час, победувајќи го Кејелча за само 11 секунди, пишува „Би-би-си“. Г.И.