Вардар беше подобар од Бутел со 37-32, а Голден Арт го совлада Еурофарм Пелистер со 29-23 во воведните мечеви од првото издание на меморијалниот ракометен турнир „Марко Божиновски“, што се игра во истоимениот спортски центар во Скопје.
Утре се закажани натпреварите Војводина – Бутел (9.30 часот), Пролет – Вардар (11 ч.), Нексе – Еурофарм Пелистер (17.30 ч.) и Алкалоид – Голден Арт (19 ч.), а предвидена е и церемонијата на официјално отворање на турнирот од 16.45 часот. Сите мечеви ќе бидат пренесувани во живо на јутуб.

На турнирот што трае до петок се натпреваруваат осум екипи (момчиња родени 2004 година и помлади), од три држави (Македонија, Србија и Хрватска).
Вардар над Бутел го оствари првиот триумф во групата А, во која се и Војводина и Пролет, додека Голден Арт славеше над Еурофарм Пелистер во рамки на групата Б, во која се натпреваруваат и Нексе и Алкалоид. Првопласираните од двете групи ќе играат натпревар за првото место, второпласираните за трето итн.