Ива Младеновска / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во составот има 13 интернационалки и осум ракометарки од домашното првенство. Македонија на ЕП 2024 во групата А ќе игра со Шведска (28 ноември), Турција (30 ноември) и со Унгарија (2 декември)

ЗА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА НАСТАП НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кристијан Грчевски, го скрати списокот од 35 на 21 ракометарка, на кои ќе смета за подготовките за Европското првенство (ЕП) што од 28 ноември до 15 декември треба да се игра во Австрија, Унгарија и во Швајцарија. На списокот има 13 интернационалки, и тоа од Романија (пет), Франција (две), Унгарија, Италија, Полска, Хрватска, Србија и од Германија (по една). Од домашното првенство по две ракометарки доаѓаат од Металург, Ѓорче Петров и од Чаир, а по една од Деспина и од Куманово. Првиот собир на репрезентативките е на 18 ноември во Скопје.
Македонија во групата А на ЕП 2024 првиот меч ќе го игра со Шведска (28 ноември, од 20.30 часот), потоа со Турција (30 ноември, 20.30 ч.), а третиот со Унгарија (2 декември, 18 ч.), сите во унгарскиот град Дебрецин. Првите две селекции од секоја од шесте групи продолжуват во втората групна фаза.
Состав: Јована Мицевска, Јована Саздовска, Ивана Гакидова (сите од Слатина, Романија), Сара Ристовска (Рапид Букурешт, Романија), Ивана Арсениевска (Униреа, Романија), Драгана Петковска (Салерно, Италија), Ивана Џатевска (Варда, Унгарија), Симона Маџовска (Цвикау, Германија), Ива Младеновска (Брест, Франција), Јована Кипријановска (Самбре, Франција), Андреа Седлоска (Локомотива, Хрватска), Елена Ѓорѓиевска (Калиж, Полска), Сара Стефановска (Јагодина, Србија), Борјана Коцева, Марија Јанкуловска (Металург), Ана Марија Коларовска, Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров), Теодора Дуковска, Бојана Диневска (Чаир), Матеа Чурлиновска (Деспина), Нена Несторовска (Куманово). Г.И.