Фото: РФМ

Во вчерашното финале за златниот медал играа Унгарија и Франција, репрезентациите што и најмногу покажаа, а за бронзениот Холандија и Данска

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ ЗА РАКОМЕТАРКИ ДО 20 ГОДИНИ

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 20 години го освои 16-то место на 24. Светско првенство (СП) во Скопје, во конкуренција на 32 селекции, откако ги загуби двата дуела за пласман на 15-то место, од Јужна Кореја (19-34) и од Кина (23-25). Македонските ракометарки на ова СП на седум натпревари остварија две победи, едно реми и четири порази. Совладани беа САД (32-17) и Ангола (28-24), ремизираа со Португалија (28-28), а загубија од Исланд (17-29), Црна Гора (23-26), Јужна Кореја и од Кина.
Најефикасна ракометарка во македонските редови е Емилија Ризоска, со вкупно 35 гола, а ја следат 17-годишната интернационалка Ива Младеновска со 33, Борјана Коцева со 30, Сара Стефаноска со 24 гола… Македонија досега настапи на четири СП, во 1995 година во Бразил (17. место), во Скопје 2003-та (осмо место) и повторно во Скопје 2008 (18. место).
Во вчерашното финале за златниот медал играа Унгарија и Франција, репрезентациите што и најмногу покажаа, а за бронзениот Холандија и Данска. За петтата позиција се сретнаа Шведска и Португалија, а седмото место го освои Исланд, кој вчера претпладне ја совлада Швајцарија со 29-26. Актуелниот светски јуниорски првак Норвешка не ја одбрани титулата од СП 2022, кога во финалето го совлада сегашниот финалист Унгарија (31-29), а трета беше Холандија (вчера се бореше за бронзата) со победата над Шведска (31-20). Г.И.


Чурлиновска е меѓу најдобрите шест голманки

Македонската голманка Матеја Чурлиновска, која бранеше во извонреден стил на ова Светско првенство за ракометарки до 20 години, е на шестата позиција по успешност во пресрет на вчерашниот ден, што може само да радува за иднината на македонскиот ракомет. Таа го заврши настапот со 77 одбрани од 216 удари кон нејзиниот гол (36 отсто) или во просек 11 одбрани по меч. На оваа листа во водство беше Германката Марие Кристи Веис со 84 одбрани од 239 шута (35 отсто).


ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Унгарија – Исланд 34-31
Холандија – Шведска 25-21
Португалија – Данска 22-49
Франција – Швајцарија 32-26
ПОЛУФИНАЛЕ
Холандија – Унгарија 24-28
Франција – Данска 32-26
МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО
Холандија – Данска синоќа
ФИНАЛЕ
Унгарија – Франција синоќа