Серафимов и Рниќ (во средина) заедно со продавачите на „Лице в лице“

Мартин Серафимов и Момир Рниќ од Металург се првите ракометари кои се вклучија во акцијата за поддршка на уличните продавачи на „Лице в лице“, откако вчера ја отворија Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, која ќе трае до 7 февруари.

На нив денес ќе им се придружи и соиграчот Златко Хорват во акцијата за давање на поддршка на уличните продавачи на „Лице в лице“.

Предвидено е во акцијата да се вклучат и ракометари на Пролет, Прилеп и на Вардар, кои ќе бидат во друштво на продавачите на „Лице в лице“ на различни локации.