Светскиот рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ во моментов е сместен во имигрантски притвор, во соба на аеродромот во Мелбурн и никој не може да се види со него, ниту да разговара – пренесоа српските медиуми, а информација ја потврдил неговиот татко Срѓан.
Пред собата во која е сместен тенисерот, се наоѓа полиција која ќе го чува додека не се донесе конечна одлука за тоа дали ќе остане во Австралија или ќе биде испратен дома.
Проблемите на најдобриот играч во светот наводно се случиле поради административна грешка при аплицирањето за виза, откако претходно добил медицински исклучок, да може невакциниран да игра на турнирот.