КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025
Македонската сениорска репрезентација идната недела ќе одигра два натпревара во групата Х од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година, два мошне значајни дуела за „црвено-жолтите“, кои по половичниот ефект во мечевите во февруари, кога остварија победа над Полска и имаа пораз од Естонија, ќе одиграат средби и со најголемиот фаворит за првото место во оваа група, репрезентацијата на Литванија. ЕП 2025 треба да се игра во Кипар, Финска, Полска и во Летонија. На континенталното првенство, покрај домаќините, ќе играат и трите најдобри селекции од четири од осумте групи и двете најдобри селекции од четирите групи во кои настапува некој од кодомаќините на ЕП 2025.
Македонија прво на 21 ноември ќе биде домаќин на натпреварот, кој ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 18 часот), а три дена подоцна ќе ѝ гостува на Литванија. Во пресрет на овие два дуела селекторот Александар Јончевски го одреди поширокиот состав, во кој се Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Андреј Шошкиќ, Ти-Џеј Шортс, Амар Хот, Ваљмир Какруки, Лејсон Зеќири, Теодор Симиќ, Максим Митевски, Андреј Митревски, Страхил Николов, Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Маслинко, Дамјан Стојановски, Дамјан Робев, Итан Хап, Виктор Ефремовски, Марин Петков. Г.И.
ГРУПА Х
Македонија – Литванија 21 ноември
Полска – Естонија 21 ноември
Табела
Естонија 2 2 0 4
Македонија 2 1 1 3
Литванија 2 1 1 3
Полска 2 0 2 2