Фото: ОК Газели Волеј

Екипата на Газели Волеј заслужено се закити со титулата Младински шампион на Македонија! Во завршниот натпревар од финалниот турнир, екипата на Газели Волеј го совлада најголемиот конкурент, екипата на Фит Фан Волеј со 3:1.

Со овој голем успех, а по освоените пионерско и кадетско првенство во изминатите две години, оваа извонредна генерација одбојкарки ја заокружи својата доминација во Македонија. Самиот факт што до оваа титула тие дојдоа убедливо, со само ЕДЕН загубен сет и тоа во финалето, доволно кажува за нивната доминација, но и дека вложениот труд се исплати.

Што се однесува до финалниот натпревар во кој заслужено се соочија двете најдобри младински екипи во Македонија, треба да се каже дека тој започна прилично нервозно. Се играше поен за поен, како што и доликува на едно финале, а одличната екипа на Фит Фан трпеливо и мирно се избори за водство од 1:0.

Во вториот сет Газелите одиграа многу подобро и сигурно стигнаа до резултат 1:1. На самиот крај од вториот сет се повреди средниот блокер на противникот, Елена Трајковска, а Газели продолжија во ист ритам и дојдоа до победа од 3:1.

Претходно, во полуфиналниот натпревар од завршниот турнир, Газели Волеј– Јанта Волеј 2:0 (25:17; 25:17 по сетови).