Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Само вторпат во историјата на европските првенства и на Лигата на шампионите (натпреварување порано со име Куп на шампионите) се случи континенталниот клупски првак да биде од земја чија репрезентација истата година ќе стане европски шампион. Шпанскиот Реал Мадрид во јуни ја освои рекордната 15-та европска титула, а пред неколку дена репрезентацијата на Шпанија четврти пат стана европски шампион, исто така, рекорд. Претходен пат тоа се случи во 1988 година, кога континентални прваци беа холандскиот ПСВ Ајндховен и репрезентацијата на Холандија. Н.М.