Фото: Игор Бансколиев

УЕФА секогаш бара нови технолошки решенија за подобрување на играта и за поддршка на работата на судиите. Силно веруваме во овој проект.Полуавтоматизираната технологија за офсајд дополнително ќе го подобри ВАР, кој успешно гоимплементиравме во претходните години во нашите натпреварувања. Јасно е дека ВАР повеќе не е само проект. Сега тоа е важен и воспоставен дел од фудбалот, вели главниот на судискиот оддел на УЕФА, Роберто Розети

Фудбалските судии тргнуваат во преполната сезона на европски задачи со јасен повик од главниот на судискиот оддел на Европската фудбалска унија (УЕФА), Роберто Розети, да останат фокусирани, да дејствуваат цврсто и доследно против лошото однесување на теренот и да дадат сѐ во потрагата по извонредноста, која на европските судии им ја донесе нивната импресивна репутација, пишува УЕФА на својата интернет-страница.
Полуавтоматизирана технологија за офсајд официјално беше употребена првпат на неодамнешниот натпревар од Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт во Хелсинки и им овозможува на тимовите за видеопомошник-судија (ВАР) брзо и попрецизно да одредат офсајд-ситуации. Новиот систем работи со специјализирани камери, кои можат да следат 29 различни точки на телото по играч и е тестиран од 2020 година, меѓу другите, во Лигата на шампионите минатата сезона и на Европското првенство за фудбалерки годинава.
– УЕФА секогаш бара нови технолошки решенија за подобрување на играта и за поддршка на работата на судиите. Силно веруваме во овој проект. Полуавтоматизираната технологија за офсајд дополнително ќе го подобри ВАР, кој успешно го имплементиравме во претходните години во нашите натпреварувања. Јасно е дека ВАР повеќе не е само проект. Сега тоа е важен и воспоставен дел од фудбалот – вели тој.
Судиите на УЕФА влегуваат во сезоната 2022/2023 со јасни инструкции за цврсто сузбивање на случаите на мобинг врз судиите, масовна конфронтација меѓу играчите и несогласување на играчите и тренерите, пишува УЕФА.
– Не сакаме да ги гледаме овие работи на мечевите. Решени сме да го заштитиме имиџот на фудбалот и сметаме дека одредени типови однесување на теренот и на клупите се неприфатливи – рече Розети.
Играчите што се обидуваат да ги измамат судиите преку симулирање или прекумерно реагирање на прекршоци со лесен контакт, исто така, може да очекуваат да бидат казнети, а од судиите се бара да преземат строги санкции во ситуации кога играчите се обидуваат да ги измамат судиите да им дадат црвени или жолти картони на противничките играчи, пишува УЕФА.
– Кога играч се обидува да направи друг играч да биде казнет, тоа е неправедно за фудбалот. Тоа претставува нефер однесување на играчите кон нивните колеги, лош пример за непочитување – вели Розети.