ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Роберт Левандовски стана само третиот фудбалер што постигнал барем сто гола во Лигата на шампионите (ЛШ). Тој сега има 101, по двата гола во победата на Барселона на дуелот со Брест, со 3-0, во петтото коло на ЛШ. На првите две места на оваа листа на стрелци се Кристијано Роналдо со 140 гола и Лионел Меси со 129 погодока. Левандовски, кој ја освои златната копачка во ЛШ во сезоната 2019/2020 со 15 гола, е водечки стрелец сезонава во ЛШ, со вкупно седум гола, а по средбите во вторникот по пет имаа Виктор Ѓокереш, Ерлинг Холанд, Хари Кејн, Рафиња и Флориан Вирц. Левандовски стигна до 100 гола по 10.541 минута во ЛШ, а тоа е еден погодок на секои 105 минути и 25 секунди. Полскиот репрезентативец е првиот фудбалер што постигнал хет-трик за три клуба (Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона). Од соиграчите најмногу асистенции во Лигата на шампионите за Левандовски обезбеди Томас Милер, девет, по четири имаат Кингсли Коман и Марио Геце… Н.М.
ЛШ, петто коло: Спарта – Атлетико Мадрид 0-6, Слован – Милан 2-3, Баер – Салцбург 5-0, Јанг бојс – Аталанта 1-6, Барселона – Брест 3-0, Баерн – Пари сен Жермен 1-0, Интер – Лајпциг 1-0, Манчестер сити – Феенорд 3-3, Спортинг – Арсенал 1-5. Синоќа играа Црвена звезда – Штутгарт, Штурм – Џирона, Монако – Бенфика, Астон вила – Јувентус, Болоња – Лил, Селтик – Клуб Бриж, Динамо З. – Борусија Д., Ливерпул – Реал М., ПСВ Ајндховен – Шахтер.
Табела: Интер 13 бода, Барселона и Ливерпул по 12, Аталанта 11, Баер, Монако, Арсенал, Спортинг и Брест по 10, Борусија Д., Баерн, Астон вила, Атлетико М. и Милан по девет, Манчестер С. осум, Јувентус, Лил, Селтик, Динамо и Феенорд по седум, Реал М., Бенфика и Клуб Бриж по шест, ПСВ Ајндховен пет, Штутгарт, Пари сен Жермен, Шахтер и Спарта по четири, Џирона и Салцбург по три, Болоња еден, Штурм, Лајпциг, Црвена звезда, Слован и Јанг бојс без бодови. Н.М.