Фото: ЕПА

Многу европски клубови во пресрет на новата сезона ќе играат пријателски мечеви во Северна Америка и во Азија, меѓу нив и некои дерби-средби, репризи на финалиња на ЛШ од претходните сезони, многу меѓусебни мечеви помеѓу тимови од исти земји, меѓу нив и шпанското ел класико…

ФУДБАЛ – ЕВРОПСКИ ТЕСТ-СРЕДБИ НА ПОВЕЌЕ КОНТИНЕНТИ

Во пресрет на новата сезона, фудбалските клубови од Европа одамна имаат закажано меѓународни средби на неутрален терен и на други континенти, а според некои достапни двојки летово ќе има многу дерби-средби, репризи на некои финалиња на Лигата на шампионите (ЛШ) од претходните сезони, многу меѓусебни мечеви помеѓу тимови од исти земји, меѓу нив и шпанското т.н. ел класико.
Така, на пример, најавени се дуели на актуелни и поранешни учесници во Лигата на шампионите, како на пример средбите Манчестер јунајтед – Лион (19 јули, во Шкотска), Барселона – Јувентус (22 јули, САД), Манчестер јунајтед – Арсенал (22 јули, САД), Реал Мадрид – Милан (23 јули, САД), Манчестер сити – Баерн (26 јули, Јапонија), Арсенал – Барселона (26 јули, САД), Манчестер јунајтед – Реал Мадрид (27 јули, САД), Јувентус – Милан (27 јули, САД), Барселона – Реал Мадрид (29 јули, САД), Манчестер сити – Атлетико Мадрид (30 јули, Јужна Кореја), Манчестер јунајтед – Борусија Дортмунд (31 јули, САД), Барселона – Милан (1 август, САД), ПСЖ – Интер (1 август, Јапонија), Ливерпул – Баерн (2 август, Сингапур), Реал Мадрид – Јувентус (2 август, САД), Челси – Борусија Дортмунд (3 август, САД)…
Од овие дуели, репризи на некои претходни финалиња на Лигата на шампионите се натпреварите Барселона – Јувентус, Реал Мадрид – Милан, Арсенал – Барселона, Јувентус – Милан, Барселона – Милан и Реал Мадрид – Јувентус.
Најавени се и многу други меѓусебни средби на англиските премиерлигаши, секако и повеќе интерконтинентални натпревари, а некои други меѓусебни меѓународни мечеви на европски тимови се дуелите, на пример, Нирнберг – Арсенал (13 јули, во Германија), Карлсруе – Ливерпул (19 јули, Германија), Тотенхем – Рома (26 јули, Сингапур), Кристал палас – Севилја (31 јули, САД), Арсенал – Монако (2 август, Англија), Валенсија – Астон вила (2 август, Шпанија), Евертон – Спортинг (5 август, САД), Манчестер јунајтед – Атлетик Билбао (6 август, Република Ирска), Атлетико Мадрид – Севилја (6а август, САД) итн. Н.М.