ФУДБАЛ
Аргентина ја победи Колумбија со 1-0 и ја освои рекордната 16-та титула на Копа Америка, фудбалското првенство на Јужна Америка, со голот на Лаутаро Мартинез во 112. минута. На листата со победници Аргентина сега има една титула повеќе од Уругвај, на третото место е Бразил со девет, по две имаат Перу, Парагвај и Чиле, а по една Колумбија и Боливија. Аргентина ќе игра со европскиот рекордер Шпанија (четири континентални титули) во новото издание на т.н. Финалисима, дуел на европскиот и на јужноамериканскиот првак. Во 2022 година Аргентина ја победи Италија со 3-0, во Лондон. Н.М.