Манчестер сити води во Премиер-лигата, а ќе игра во четврт-финалето на Лигата на шампионите, во полуфиналето на ФА-купот и во финалето на Лига-купот. Ниту еден англиски клуб никогаш не освоил четири трофеи во иста сезона

ФУДБАЛ

Манчестер сити сезонава е во трка за освојување дури четири трофеи, нешто што досега не му успеало на ниту еден тим во англиската фудбалска Премиер-лига. За разлика од повеќето други екипи, тие биле во ваква ситуација претходно, пишува „Би-би-си“.
Ниту еден англиски клуб никогаш не ги освоил трофеите во Премиер-лигата, Лигата на шампионите, ФА-купот и Лига-купот на Англија во иста сезона, а ова е четврти обид за ваков успех на Манчестер сити во изминатите седум години.
Ова искуство на бркање повеќе големи трофеи во последните неколку недели од сезоната може да му помогне на тимот овој пат. Во моментов, Манчестер сити води во Премиер-лигата, во четврт-финалето на Лигата на шампионите треба да игра со Борусија Дортмунд (Германија), во полуфиналето на ФА-купот треба да се сретне со Челси, а во финалето на Лига-купот треба да игра со Тотенхем.
Во сезоната 2018/2019 Манчестер сити освои три трофеја, а во ЛШ запре во четврт-финалето. Во сезоните 2013/2014 и 2017/2018, пак, тимот славеше во Премиер-лигата и во Лига-купот.