Филипе Кутињо е на првото место меѓу најскапите фудбалери што играат како позајмени во други клубови, според анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) од Швајцарија. Цената за Бразилецот, кој игра во Баерн како позајмен од Барселона, проценета од алгоритамот ЦИЕС (96,5 милиони евра) е пониска од опцијата за купување одредена помеѓу Баерн и Барселона (120 милиони евра), пишува ЦИЕС, според кој четири други играчи на заем имаат проценета вредност поголема од 50 милиони евра, и тоа Дани Себалос, Мартин Одегард, Хари Вилсон и Мауро Икарди.