Членовите на женската фудбалска репрезентација на Јапонија, кои триумфираа на Светското првенство (СП) во 2011 година, први ќе го понесат олимпискиот факел низ Јапонија, соопштија организаторите на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2020 година. Олимпискиот факел, кој ќе тргне на 26 март од Фукушима и потоа ќе ги обиколи сите 47 префектури во Јапонија, ќе го носат околу 10.000 луѓе.
Штафетата треба да помине покрај многу иконични обележја во Јапонија во текот на 121-дневното патување, вклучувајќи ги и планината Фуџи, Меморијалниот парк на мирот во Хирошима и замокот „Кумамото“. Олимпискиот факел, по традиција, треба да биде запален во Грција, на 12 март, а во Јапонија треба да пристигне на 20 март.