Професионалните фудбалери во Англија ќе бидат ограничени на 10 „посилни удари на топката со глава“ неделно на тренинзите според новите упатства за претстојната сезона

ФУДБАЛ

Професионалните фудбалери во Англија ќе бидат ограничени на 10 „посилни удари на топката со глава“ неделно на тренинзите според новите упатства за претстојната сезона.
Тоа доаѓа по неодамнешните „повеќекратни студии“ направени поради загриженоста за долгорочните опасности од удирањето на топката со глава, пишува „Би-би-си“. Упатството за аматери е „10 удари на топката со глава на тренинг и само на еден тренинг неделно“.
– Врз основа на раните наоди, кои покажаа дека повеќето удари на топката со глава не се многу силни, првичниот фокус на упатствата ќе биде на оние за кои е потребна повеќе сила. Обично тоа се долги додавања (над 35 метри), од нафрлувања, корнери и слободни удари. Затоа се препорачува максимум 10 посилни удари со глава на тренинзите – се вели во упатствата.
Премиер-лигата во февруари воведе дополнителни замени на играчи во случај на потрес на мозокот, а Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија воведе замени за повреда на главата во ФА-купот.