фото: Инстаграм

Арсланбек Алиев стана херој откако успеа да извлече шест лица од запален автомобил во Москва.

Алиев е тренер на младинската борбена репрезентација на Дагестан, а со пријателите престојувал во главниот град на Русија.

Црниот мерцедес влетал во зградата, веднаш дошло до експлозија, а возилото во кое наводно имало дури осум лица се запалило, а тренерот не се двоумел, туку брзо реагирал и така спасил неколку животи.
Алиев успеал да го скрши стаклото, да извлече шест лица и да им го спаси животот. За жал, загинаа возачот и совозачот, а според светските медиуми еден од загинатите е фудбалерот Мурат Салпагаров (24).

Арсланбек Алиев е поранешен шампион на Русија во борење во слободен стил, а поради неговиот херојски гест беше предложено да биде посебно награден.