Одбојкарите од Србија Тијана Бошковиќ и Урош Ковачевиќ се прогласени за најдобри европски одбојкари за 2019 година во женска, односно во машка конкуренција, објави Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Двајцата со репрезентациите станаа европски прваци на континенталните шампионати годинава (во Турција за жени, а во Словенија, Белгија, Холандија и во Франција за мажи). Слободан Ковач и Масимо Барболини се прогласени за тренери на годината, на свечената церемонија одржана во Софија (Бугарија).