Организаторите на Светското првенство (СП) во алпско скијање во шведски Оре, во февруари, работат на минимизирање на отпадот и на артиклите за еднократна употреба, за да се создаде и позитивно наследство за градот по СП, во форма на систем за рециклирање, информира Интернационалната скијачка федерација (ФИС).
Во изминатите 18 месеци организаторите работеа заедно со општината за подобрување на рециклирањето на јавните површини во градот. Вкупно 50.000 оброци ќе бидат служени за време на СП, а како еден од начините за намалување на отпадот организаторите воведоа сопствена кујна, преземајќи ја одговорноста на целиот процес, од набавките до управувањето со отпадот.