Животни

Кога велиме милениче, прво помислуваме на безусловна љубов. И навистина претставува една од најголемите придобивки од грижата за домашно милениче. Во тоа дружење нема конфликт, судење или критика. Миленичето е со вас кога сте тажни и кога сте среќни, кога се чувствувате многу исполнето и кога се чувствувате безвредно. Затоа, овој тип интеракција го стимулира производството на окситоцин, кој понекогаш се нарекува хормон на љубовта.
Познато е дека недостигот од врски, социјалната изолација и осаменоста придонесуваат за депресија и анксиозност. Иако миленичињата можеби не можат да ги заменат луѓето, нивната безусловна љубов, топлина и посветеност можат да обезбедат дружење, поврзаност и чувство за цел. Овие чувства можат да ги ублажат депресивните тенденции, да ги ублажат чувствата на анксиозност и осаменост. Дополнително, сопствениците на кучиња има поголема веројатност да застанат и да разговараат со странци. Спонтаната интеракција на домашно милениче со странец може да го олесни разговорот и да поттикне опуштена интеракција помеѓу сопствениците.
Домашните миленичиња даваат можност за разиграност и причина да излезете оддома. Тие наметнуваат обврска за грижа за другите и, да речеме, утрински прошетки, што за многумина можеби е единствената причина што ќе биде доволно убедлива да ја напуштат куќата. На овој начин дури и за луѓето што се борат со депресивно расположение постои одредена структура на денот и можност за апсорпција на дневна светлина, што е многу важно за емоционално подобрување. Нивото на енергија станува повисоко, додека менталниот замор се намалува.
Познато е дека миленичињата претставуваат значаен ресурс за надминување на стресните ситуации, но, покрај горенаведеното, многу луѓе ја препознаваат и способноста на своите миленичиња да детектираат негативно расположение и да покажат посебна наклонетост во тие моменти. Некои миленичиња можат да ја почувствуваат и физичката болка на својот сопственик, па да се доближат до болното место или да лежат на него, што секако ѝ помага на личноста да се справи и да ја одржи менталната сила.