Животни

Сите сопственици и љубители на животни посакуваат барем еднаш во животот да можат да си разговараат со своето куче.
Научниците го испитувале однесувањето на кучињата и дошле до заклучок дека ако вашиот миленик покажува некој од овие три необични знаци, тоа всушност испраќа порака дека ве сака.
Зевање во исто време: Студијата покажала дека и кучињата зеваат кога се уморни и сонливи. Исто така, понекогаш сакаат да имитираат сакана личност и да се однесуваат како неа, што во исто време покажува голема љубов кон вас.
Подигнување на веѓите и намигнување: Набљудувајте го вашето куче, тоа никогаш нема да ги подигне веѓите на непозната личност, туку само на онаа што му е многу драга и ја сака.
Се гушка по јадење: Според неговото расположение по оброк, кучето ќе ве извести дали му се допаѓа. Доколку е расположен за гушкање и игра, тоа значи дека многу му се допаднал оброкот и со галење ќе ви покаже знак на благодарност и љубов.