Животни
Изборот на домашно милениче секогаш е голем предизвик, а треба да се земат предвид многу фактори – дали кучето ќе живее во куќа или во стан, со деца или помирни пензионери, дали ќе треба многу време и трпение да го тренирате, дали ќе се митари и конечно колку воопшто ќе живее?
Научниците неодамна спроведоа опсежна студија, која покажа дека џек расел териер е најдолговечната раса со педигре. Тие во просек живеат 12 години и осум месеци, додека најкраток животен век имаат француските булдози, кои живеат речиси трипати пократко.
Истражувањето објавено во списанието „Сајентифик репортс“ покажа дека, по џек расел териерот, најдолговечна раса е јоркширскиот териер, кој живее 12 и пол години.
Третата најдолговечна раса е шкотскиот овчар или бордер коли, кој во просек живее 12 години и еден месец.
Четвртата раса со најдолг животен век е англискиот спрингер шпаниел со просечни 11 години и 11 месеци живот.