– Само едно од 10 напуштени кучиња до крајот на својот живот наоѓа дом.
– Животни без дом има пет пати повеќе од луѓе без дом.
– Секоја година 2,7 милиони кучиња и мачки се убиени затоа што во стационарите нема место за нив.
– Главната причина поради која кучињата и мачките завршуваат во стационарот е напуштањето од сопствениците.
– Вкупно 7,6 милиони кучиња и мачки се згрижуваат во стационари за бездомни кучиња, од кои 3,9 милиони се кучиња.
– Според податоците на Националниот совет за домашни миленици во Америка, само два отсто од изгубените миленици им се враќаат на своите сопственици.
– Вкупно 25 отсто од напуштените кучињата се чистокрвни, расни кучиња.
– Двојно повеќе напуштени кучиња се донесени во стационарите од волонтери и полиција, отколку од самите сопственици.
– Само 10 отсто од светската популација на бездомни кучиња што живеат во стационарите се стерилизирани.
– Многу напуштени кучиња и мачки се изгубени поради тоа што немаат чип и не можат да се идентификуваат нивните сопственици.