Чиа семето има многу придобивки за нашето здравје. Но за да се манифестира неговото благотворно дејство, мора да се земат предвид количеството и зачестеноста на консумирањето на оваа суперхрана. Луѓето сѐ повеќе посегнуваат по здрава храна, а количеството на хранливи материи од чиа семето помага во повеќе процеси, како што се хидратација, контрола на тежината и заштита на кардиоваскуларниот систем.
Патем, тоа е совршена природна замена за некоја помрсна храна, која нема да придонес за нашето здравје. За да го извлечете максимумот од чиа семето, треба да внимавате на количеството и честотата на консумирање на оваа суперхрана.
Чиа семето е богато со протеини и многу хранливи материи неопходни за здравјето. Доколку ова семе се користи правилно, придобивките за нашиот организам се повеќекратни. Меѓу сите својства што ги има чиа семето, се издвојуваат следните: го подобрува кардиоваскуларниот систем, една од најважните работи за чиа семето е тоа што е богат со омега-3 масни киселини, и ги зајакнува коските – содржи многу калциум и магнезиум, што е исклучително важно за здравјето на коските.
Меѓутоа, доколку го консумирате во прекумерни количества, тоа може да предизвика некои здравствени проблеми. Доволно е да јадете една лажица чиа семе дневно. А оптималното количество зависи и од тежината, возраста, полот и физичката состојба на секој поединец.