Според здравствените експерти, 75 отсто од грицките што ги јадеме се многу обработени, што може да биде погубно за нашето здравје. Но не само тоа, како што е важно какви грицки консумираме, важно е и времето кога ги земаме.

Зборувајќи во една епизода од поткастот за исхрана „ЗОЕ сајенс енд нутришн“, докторката Сара Бери разговара со коосновачите на ЗОЕ, Тим Спектор и Џонатан Волф, за важноста да се избере вистинското време за ужина.

– Истражувањето навистина јасно покажува дека ако јадете доцна, како по шест часот или многу доцна по 21 часот, тоа навистина има негативни ефекти врз вашето здравје и има многу други контролирани испитувања што го поддржуваат тоа – вели таа.

Според д-р Бери, 35 проценти од нас грицкаат доцна навечер. Она што е важно за нивото на гликоза во крвта и енергијата ако сакате да јадете грицки е нивниот квалитет. Таа се колне во темното чоколадо.

– Сè уште ќе го јадам темното чоколадо. И се трудам да се чувствувам подобро мислејќи дека уште не вечерале во Шпанија! – додава на шега, сугерирајќи на традицијата на доцна вечера во Шпанија.

Други здрави закуски што можете да ги јадете ако сте гладни навечер се: мешани јаткасти плодови, гвакамоле и сечкан зеленчук, грчки јогурт и бобинки,
парчиња јаболко и путер од кикиритки, темно чоколадо и бадеми, тврдо варени јајца.