Иако оризовата вода како состојка за нега на косата се најде во центарот на вниманието дури последниве неколку години, во кинеската и јапонската традиција таа се користи со децении. За оваа состојка се верува дека има посебен регенеративен состав и ја прави косата помазна, посјајна, појака, не се мрси и го поттикнува нејзиното растење. За оваа намирница се вели дека е богата со антиоксиданти, минерали и витамин Е.
Бидејќи оризовата вода содржи многу скроб, може да го зголеми волуменот и косата да изгледа погусто. Фоликулите на влакното ќе бидат поддржани од коренот, а темето ќе има убаво опкружување за раст на косата. Како резултат на тоа, таа нема да пука на краевите и помалку ќе паѓа.
Една истражувачка установа во Јапонија открила дека се сѐ случува благодарение на инозитолот, состојка што се наоѓа во оризовата вода.
Постапката е следна: оризот се вари во вода, се цеди, па потоа се прелева со друга вода и се остава да отстои. Токму таа вода се користи за плакнење на косата. Некои сметаат дека е доволно оризот да отстои во вода и оти не е потребно претходно да се свари. Исто така се препорачува оризовата вода да ја оставите да дејствува 20 минути по миењето, а потоа да ја исплакнете косата.