Рангирањето на „Тајмс“ на светските универзитети за високо образование е популарна листа што се објавува секоја година, која во 2023 година вклучува 1.799 универзитети од 104 земји и региони. Списокот е подготвен врз основа на 13 показатели што ги мерат перформансите на институцијата во четири области: настава, истражување, пренесување на знаењето и меѓународна перспектива

Највисокорангирани европски академски институции според „Тајмс“ за 2023 година

Во 2023 година, 36 од листата на најдобрите 100 светски универзитети ќе бидат од Европа. Ова е значително зголемување од 28 универзитети откако беше објавен извештајот за рангирање на светските универзитети на „Тајмс“ за високото образование за 2011 година. Сепак, тоа не е најдоброто остварување во последните 13 години, бидејќи европските земји имаа 42 универзитети на глобалната топ 100 листа во 2016 година. Освен три британски универзитети, Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Кембриџ и Империјалниот колеџ во Лондон (ИЦЛ), само државниот Електротехнички универзитет во Цирих, Швајцарија, се рангира во најдобрите 10 на листата во последните 13 години. Како се променија најдобро рангираните универзитети во Европа во последната деценија и на кои европски земји им оди добро во однос на најдобро рангираните универзитети?

Како се одредува листата за најдобрите 100 универзитети според „Тајмс“?

Рангирањето на „Тајмс“ на светските универзитети за високо образование е популарна листа што се објавува секоја година, која во 2023 година вклучува 1.799 универзитети од 104 земји и региони. Списокот е подготвен врз основа на 13 показатели што ги мерат перформансите на институцијата во четири области: настава, истражување, пренесување на знаењето и меѓународна перспектива. Да се биде меѓу најдобрите десет во светот е многу престижно за водечките универзитети и не е изненадувачки, што универзитетите од САД и од Велика Британија доминираат токму на највисоките места од рангирањето. Само 13 универзитети успеаја да влезат во најдобрите десет во светот од 2011 година досега. Четири универзитети се од Европа, додека другите девет се од САД.

Универзитетот во Оксфорд доминира во рангирањето

Универзитетот во Оксфорд беше прогласен за најдобар универзитет во светот седма година по ред во рангирањето на „Тајмс“ за високо образование за 2023 година. Во најдобрите десет во светот за целиот тој временски период беше и Универзитетот во Кембриџ, додека Империјалниот колеџ во Лондон успеа да остане на листата цели 11 години. Швајцарскиот електротехнички универзитет во Цирих се рангира на деветтото место во 2016 и во 2017 година, а на десеттото во 2018 година.
Меѓу американските институции именувани во најдобрите десет универзитети во светот во овој период беа „Харвард“, „Стенфорд“, Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), Технолошкиот институт во Калифорнија, „Принстон“, „Беркли“ од Калифорнија, „Јејл“, Универзитетот во Чикаго и во Пенсилванија.

Кои европски универзитети се најдобро рангирани?

Во рангирањето на „Тајмс“ за 2023 година, 15 европски универзитети се рангираа меѓу 50-те најдобри светски институции, а 36 се најдоа во најдобрите 100. Освен „Оксфорд“, „Кембриџ“, Империјалниот колеџ во Лондон и Електротехничкиот универзитет во Цирих, тука спаѓаат Универзитетскиот колеџ во Лондон (22), Универзитетот во Единбург (29), Техничкиот универзитет во Минхен (30), минхенскиот универзитет „Лудвиг Максимилијан“ (33), Кралскиот колеџ во Лондон (35), Лондонската школа за економија и политички науки (37), Швајцарскиот државен институт за технологија во Лозана (41), Католичкиот универзитет во Левен (42), универзитетот „Хајделберг“ (43), Парискиот научноистражувачки универзитет (47) и Каролинскиот институт (49).

Кои европски земји имаат универзитети во најдобрите 100 на листата?

Бројот на универзитети во Европа што се рангирани во најдобрите 100 во светот варира во последните 13 години. Во 2011 година беа вклучени 28 европски универзитети, достигнувајќи го врвот од 42 во 2016 година. Годишниот просек во овој период изнесува 35,4 универзитети. Велика Британија отсекогаш била најдобро рангирана во Европа и ниту една друга земја не успеала да ја надмине. Бројот на британските универзитети во најдобрите 100 во светот се движи од 10 до 16 од 2011 година. Германија и Холандија, исто така, имаат значителен број универзитети во ова рангирање. Покрај овие три, ниту една друга европска земја, вклучувајќи ја и Франција, не успеа, со тоа што има пет универзитети во најдобрите 100.

Универзитети од 12 европски земји рангирани во најдобрите 100

Велика Британија, Германија, Холандија, Швајцарија и Франција имаат најмалку еден универзитет во најдобрите 100 секоја година од 2011 година. Вкупно, само 12 европски земји, кои ги вклучуваат Европската Унија, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Турција, имале универзитет во најдобрите 100 барем еднаш во овој период, а три од нив, имено Ирска (2011), Италија (2015) и Турција (2015), го постигнаа тоа само еднаш.

Дваесет земји/територии со универзитети во најдобрите 100 во светот

Американските универзитети очигледно доминираат во најдобрите 100, кои се движат од 53 институции во 2011 година до 34 во 2023 година. Годишниот просек во овој период е 42,7 универзитети. Дваесет земји и територии имале универзитети во најдобрите 100 барем еднаш во последните 13 години. Во 2023 година, Кина и Австралија имаа седум универзитети во ова рангирање, додека пет од Хонгконг и четири од Канада беа вклучени во рангирањето.

Извонредниот подем на кинеските универзитети

Во 2023 година, еден од најзначајните академски настани е подемот на Кина. Во најдобрите 100 има седум универзитети од континентална Кина, што е најголем број за оваа земја од 2011 година. Кина немаше повеќе од три универзитети на листата до 2020 година. Бројот на универзитети во континентална Кина на рангирањето се зголеми од три на седум помеѓу 2019 и 2023 година.
Исто така, има пет универзитети во Хонгконг што се рангирани во топ 100 оваа година. Универзитетот „Цингхуа“ (16) и Универзитетот во Пекинг (17) се најдобро рангирани институции од Кина. Кина, исто така, неодамна ги надмина САД во научноистражувачката работа. Кина објави 23,4 отсто од светските научни трудови меѓу 2018 и 2020 година, според извештајот на јапонскиот Национален институт за наука и технолошка политика (НИСТЕП).