Во многу земји институцијата брак ја губи својата важност. Еден индикатор за ова е претставен во графиконот, кој ги прикажува податоците од Евростат за уделот на живородените деца надвор од институцијата брак во земјите на ЕУ. Франција е на врвот, со мнозинство бебиња родени надвор од брак, над 60 отсто. Од друга страна, на дното на ранг-листата, според податоците од 2018 година на Евростат, Грција е со најниска стапка, при што девет од десет деца во оваа се родени од родители што биле во брак.