Зелениот договор во центарот на политиките на ЕУ

Светските лидери во потрага по глобални енергетски системи

По ескалирачката криза со нафтената индустрија во светот, повеќе од кога било се потребни драстични глобални реформи на енергетските закони

Д-р Висенте Лопез-Ибор Мајор е поранешен национален комесар за енергетика на Шпанија. Исто така, тој е основач на ,,Лајтсорс БП“, најголемиот генератор на соларна енергија во ЕУ. Рафаел Хефрон е професор по глобално енергетско право и одржливост при центарот за енергетика „Петролеј“ и минерално право и политика при универзитетот ,,Данди“. Тој е добитник на признанието ,,Жан Моне“ за праведна транзиција кон економијата со низок удел на јагленот, кое се доделува од страна на Европската комисија.
Кризата со ковид-19 создава ризик од длабоко негативно влијание на нашето општество. Можеме да очекуваме агресивни негативни економски последици доколку нема брзо и одлучно финансиско дејствување за да се постигне спротивното.
Бидете сигурни дека светската економија сега е соочена со ризикот од слободен пад. Но еден од најаларматни забрзувачи е кризата со која е соочен глобалниот нафтен сектор. Таа криза исто така нагласува како декарбонизацијата, која ни е толку потребна поради климатските промени, е исто така потребна за економска стабилност.
Програми за брза економска поддршка ќе овозможат закрепнување што поскоро. И покрај приматот на моментот, важно е плановите на ЕУ за декарбонизација да бидат избалансирани со потребата за отворање работни места.

Енергијата е централен сектор на економскиот и социјален живот. Нејзината важност е истакната токму во нејзиниот капацитет да ја поддржува нашата суштинска услужна инфраструктура во ова критично време како сегашното. Таа во исто време обезбедува минимална и неопходна благосостојба за населението.
Работењето од дома е овозможено единствено преку стабилно снабдување со електрична енергија, но и транзит и достава на производи до влезот на вратата. Сепак, без соодветниот логистички синџир, сите телекомуникации би можеле да завршат нагло. Економијата тогаш ќе биде во хаос.
Во тој контекст по оваа криза, светските лидери мора да се здружат и да изградат потрајни глобални енергетски системи. Систем што ќе ја рефлектира важноста на енергетскиот сектор, кој вклучува една третина од глобалната индустриска и економска активност.
Еден од нивните приоритети треба да биде засилена формулација на глобалното законодавство за енергија и нејзините нови регулаторни принципи. Министерствата за енергија и животна средина треба да ги пишуваат и да ги составуваат своите буџети и политики уште сега.

Затоа, првата мисија на Законот за енергетика е да се гарантира безбедноста во снабдувањето, особено во овие моменти на исклучителна криза како оваа. Но со тоа, во никој случај не смееме да се откажеме од подготвување на регулаторните рамки за да му овозможиме на идното општество полесно да се интегрира, на специфичен начин каде што условите за климатските промени исто така да бидат применети во новите енергетски политики.
Инфраструктурните проекти честопати се двигатели на вработувањето. Изградбата на нови проекти за зелена енергетска инфраструктура може да има повеќе придобивки, вклучувајќи и понатамошен економски раст, зголемување на пристапот до енергија, замена на старата инфраструктура, обезбедување работни места, но и исполнување на националните политики за намалување на јаглеродниот диоксид.
Новиот глобален договор за енергија, исто така, може да обезбеди сигурност на инвеститорите и да ја охрабри владината поддршка за вакви енергетски проекти. Покрај тоа, владите на крајот на краиштата би можеле да учествуваат во некои енергетски проекти и со тоа да обезбедат поголема редистрибуција во енергетскиот сектор.

Со тоа сега сѐ ќе се усогласи силно со стратегијата на Зелениот договор што неодамна ја започна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која е поврзана со комбинација на иновации во комуникациската технологија и обновливата енергија.
Сега, повеќе од кога и да било, треба да се потсетиме на советот на Платон, кој гласи: „Несреќите се универзални законодавци на светот“. Оваа криза претставува единствена можност да се развие нов глобален енергетски систем заснован врз одржливи регулаторни принципи за сите.