Домување
Просечен човек троши 12.896 часа од својот живот на чистење. Во превод, тоа е 77 недели, или година и пол од нашиот живот. Чистењето на просторот во кој живееме е неопходност за повеќето луѓе, но за некои е и еден вид терапија. Задоволството што се јавува при миење и чистење може да придонесе за намалување на вознемиреноста, да донесе олеснување слично на она што нè тера да одиме горе-долу, да грицкаме нокти или да се молиме, покажа едно чешко истражување. Покрај тоа, чистењето ни дава чувство на контрола и го прави нашиот простор поудобен, што генерално придонесува да се чувствуваме подобро.
Неодамна многу трикови за побрзо и полесно чистење станаа популарни на социјалните мрежи. Гледањето на луѓето како ги уредуваат и чистат своите домови може да донесе инспирација и мотивација и да создаде чувство на поврзаност со нив, а за некои задоволството од гледањето вакви видеа доаѓа од уживањето во трансформацијата на просторот.
Затоа, социјалните мрежи се полни со видеа каде што луѓето покажуваат како чистат. Во овој тренд особено се истакнува Тикток, каде што дури има и хаштаг за видеа во кои корисниците ги демонстрираат своите вештини за чистење. Таквите содржини се објавуваат под хаштагот „клин-ток“, а содржините објавени со овој предзнак се прегледани неверојатни сто милијарди пати. Како дел од овој тренд, можно е да се најдат еден куп интересни трикови за чистење, што е особено актуелно во моментов, во периодот на летното чистење.