ФОТОВЕСТ

Во четвртокот, во салата при домот на културата „Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, беше изведена театарската претстава за деца „Шумска принцеза“ од актерите од театарот „Хит“ од Скопје.
Актерите Магдалена Ризова Черних, Ема Давчева и Сашо Ристовски ја одведоа многубројната детска публика од училиштата „Никола Карев“ од Крушево и „Св. Кирил и Методиј“ од селото Бучин на возбудливо театарско патување во волшебниот свет на шумата, каде што храброста, љубовта и магијата се испреплетуваат во една незаборавна приказна.
Претставата е по текст и режија на Сашо Ристовски, а периодов таа е одиграна во Струмица, Валандово, Сопиште и неколкупати на повеќе локации во Скопје.

Ф.Д.