Меѓународна соработка

Педесетина млади луѓе од Македонија, Србија, Франција и од Белгија се запознаа изминатиот викенд во Охрид, каде што ќе престојуваат до 27 август за да обработуваат теми поврзани со дигитализацијата и одржливоста на животната средина.
Преку зелени работилници и културни активности за откривање на богатото културно наследство на Охрид, младите ќе имаат можност за вмрежување, дискусии и за создавање конкретни резултати преку размена на знаење и меѓународни искуства.
Оваа обука е организирана во рамките на Европската програма за размена на млади, со цел да поттикне меѓукултурно разбирање и соработка меѓу младите умови, обработувајќи критични теми. Според организаторите, годинашната посета во Охрид ќе остави длабоки импресии кај младите учесници и ќе инспирира повеќемина од нив, поединци и носители на одлуки, активно да учествуваат во иницијативи што придонесуваат за одржлива иднина.
Овие размени се одржуваат во континуитет од 2014 година, како резултат на меѓународната соработка на АЛДА Скопје, Европска агенција за локална демократија, центарот „Жил Верн“ од Нови Сад, „Куќата на младите“ од Бано, Белгија, и УНЕСКО од Мец, Франција.


Одмор

И езерата сини
и ливадите зелени
во детските срца
се населени.
Ќе се најдат тука и горите
додека траат одморите,
додека децата трчаат,
играат и пливаат
и… уживаат.
А кога ќе си дојдат дома,
во куќите и становите,
со нив ќе бидат
боровите и брановите.
А можеби
и птиците
ќе долетаат на
полиците.

Димитар Алачки
(Од книгата „Тајни“)