Нега и убавина

Нипси Дејзи, корисничка на социјалната мрежа Тикток, стана вирална на платформата откако на пријателките им откри неколку едноставни чекори за користење леплива лента за гради, поради што, како што тврди, таа нема веќе никогаш да носи класичен градник. Нејзиниот моден трик го виделе три милиони луѓе. Таа објаснува дека лентата што ја користи не е обична, туку вистинска лента за гради или „буб тејп“, изработена од мека ткаенина, која во последните неколку години стана вистински хит.
– Ова е еден од најдобрите изуми на човештвото, а овозможува градите цел ден да бидат подигнати и да изгледаат убаво без неудобниот градник – напишала Дејзи.
Иако оваа лента на голем број жени веќе им стана незаобиколен дел од летната гардероба, некои не знаат правило да ја користат, па затоа за различни пригоди има и разни упатства. Во своето видео, Нипси Дејзи одговара на најчестото прашање: како се носи лентата со фустан или маица без прерамки, а советите се многу едноставни.