Дали сте знаеле
Првата епизода на култниот цртан филм „Том и Џери“ на малите екрани се емитуваше првпат на 10 февруари 1940 година. Поточно вчера се навршија цели 85 години откако светот ги запозна мачорот Том и неговиот кошмар, глувчето Џери.
Првиот анимиран филм е наречен „Мачорот ја добива чизмата“ (Puss Gets The Boot), а во него Том се викал Џаспер, а Џери – Џинкс. Една година подоцна, во 1941-та, аниматорот Џон Кер, мачорот го нарекол Том, а глувчето Џери.
Автори на легендарните цртани филмови се Вилијам Хана и Џозеф Барбер, кои продуцирале 114 цртани со овие ликови во студиото МГМ во Холивуд меѓу 1940 и 1957 година.
Во почетокот на 1960-тите се снимаат нови епизоди со продуцентот Џин Дајч во Европа, а цртаните „Том и Џери“ се враќаат во Холивуд благодарение на Чак Џонс во 1963 година. Тие епизоди траеле до 1967 година, по што мачорот и глувчето се враќаат „дома“, поточно во студиото на Вилијам Хана и Џозеф Барбер, кои ги продуцираат овие цртани филмови и во текот на 1970-тите, 1980-тите и 1990-тите.
Цртаниот филм за Том и Џери од 1943 до 1953 година освои седум „оскари“.